Врз основа на член 20, став 2 од Уставот на Република Македонија и врз основа на член 3, 14 и 16 од Законот за политичките партии (Службен весник бр.76 од 27 октомври 2004 г.), Основачкото собрание на инаолитичката партија Движење за Национално Единство на Турците на својата седница одржана на ден 09. 04. 2006 година во Гостивар го донесе следниов:
С Т А Т У Т
I. ВОВЕД
Во овој Статут се разработени прашањата за името, седиштето, симболите, амблемот и знамето на Партијата, основните цели заради кој се основа, просторот на делување на Партијата, седиштето, членството, начинот на пристапување, истапување и евидентирање на членството во Партијата како и правата и обврските на членовите.
Во Статутот се обработени организационата структура и Органите на Партијата, постапката на одлучување, изборите и начинот на предлагање на кандидатите за пратеници во Собранието, градоначалници и членови на Советот на единиците на локалната самоуправа како и носители на други изборни функции.
Овој Статут опфаќа и прашања што се однесуваат на извори за финансирање на Партијата, имотот како и прашања кои настануваат во случај на престанок, отповикување или оставка на функциите во Партијата како и прашањата што се однесуваат на престанокот на работат на Партијата.
Составен дел на овој Статут е слика во боја на ликовно- графичкиот приказ на знамето на партијата.
II. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Политичката Партија што се основа носи име: „ ДВИЖЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ „ .
Во натамошниот текст Политичката Партија „ ДВИЖЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ „ ќе се означува како ДНЕТ.
Скратеното име на партијата е ДНЕТ и ќе се употребува со големи испишани букви.
Името на политичката Партија „ ДВИЖЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ „ ќе се истакнува на седиштето и подружниците на партијата и сите облици на претставување, знамето, амблемот и фирмата.
Името на политичката партија ќе се истакнува и во турски транскрипт со турско латинично писмо.
Во комуникацијата со странство ќе се користи двојазична ознака на името на партијата.
Седиштето на партијата е во Гостивар на улица Илинденска 52.
Член 2
Политичката Партија „ ДВИЖЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ „ е правно лице.
Политичката Партија „ ДВИЖЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ „ е запишана како правен субјект во регистарот на политичките партии што го води надлежниот суд.
Партијата ја претставува и застапува претседателот на партијата.
Член 3
ДНЕТ е доброволна организација на граѓани, во која граѓаните можат слободно да пристапуваат.
Таа е формирана за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта.
III. ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Член 4
ДНЕТ се основа и дејствува за остварување на следните основни цели и задачи:
Во внатрешната политика ДНЕТ ќе настојува:
На организиран и демократски начин да се вклучи и да учествува во политичкиот живот во земјата и во остварувањето на правата и слободите на Турците и другите граѓани на Република Македонија;
Натамошно развивање на Република Македонија како суверена, самостојна и како граѓанска и демократска држава;
Да се продлабочи и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;
Преку обезбедувањето на владеењето на правото да се создадат понатамошни услови за изградба на силни и стабилни демократски институции што ќе обезбедуваат максимална заштита и примена на колективните и индивидуалните права и слободи на сите граѓани:
Да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност и еднаквост на граѓаните пред Уставот и Законот без оглед на нивната етничка, верска, политичка, полова или друга припадност;
Да се обезбеди економска благосостојба, напредок на личниот и заедничкиот живот и развивање на Република Македонија како држава и татковина на рамноправни граѓани во која секој поединец ќе има еднакви можности да обезбеди пристоен и безбеден живот;
Натамошна еманципација на Турската жена и имплементација на принципот на еднаквост на половите преку достапност на сите изборни функции во општеството;
Чување и унапредување на парламентарната демократија, човековите права и на пазарната економија ;
Одвоеност на верските прашања од државните т.е. јакнење на секуларизмот ;
Принципиелна, отворена политика и сожителство кон припадниците на сите национални заедници преку која ќе се реализираат и правата и слободите на Турците во областа на образованието, културата, издавачката дејност, информативните дејности и употребата на турскиот јазик и писмо како придобивка од традиционалниот соживот во земјата;
Создавање на услови за развивањев на македонската култура и на културите , традициите и обичаите на етничките, јазичните и религиозните малцинства и сите нивни особености;
Усогласување на националното законодавство со меѓународните принципи и норми за осигурување на права и слободи на припадниците на националните заедници во Република Македонија
Постигање на разбирање, единство меѓу граѓаните на Република Македонија преку формирање на толерантна национална политика преку која ќе се заштитуваат правата на сите во Република Македонија;
Обезбедување на услови за економски просперитет и еколошка заштита на сите општини во Република Македонија и надминување на диспропорциите во развојот на различните населени места а особено во местата во кој живеат Турците ;
Соодветна и правична застапеност на Турците и припадниците на другите заедници во органите на државата, правосудството и на сите нивоа во другите јавни институции;
За модерен образовен систем преку кои ќе се едуцираат генерации стручно и културно издигнати, способни за конкурентост во новите научни и технолошки достигнувања, за поголема достапност на студентски места на државниот универзитет за турски младинци;
Во надворешната политика ДНЕТ ќе настојува;
Да се утврдува и зацврстува авторитетот на Република Македонија во светот, врз основа на заедничка соработка со сите држави,
Вклучување на Република Македонија во Европските и Евроатланските структури,
Постигнување на баланс, взаемно разбирање и мир на Балканот и во светот;
За соодветно вреднување на историското минато на Турците, унапредување и заштита на историските и културните вредности и придобивки и споменички обележја и нивно враќање на наменета за кои и се изградени;
Во соработка со политички партии и државните органи ќе се грижи за создавање на правни и други услови за еднаквоста на граѓаните во реализација на правата и слободите.
Член 5
ДНЕТ ќе ги постига основните цели и задачи преку:
Учество во законодавната и извршната власт
Соработка со сите демократски сили за изградба на Република Македонија како демократска и правна држава,
Учество и соработка со меѓународни организации чии приоритети се регионалната и глобалната сигурност, заштита и гарантирање на човековите права и правата на малцинствата,
Во остварувањето на зацртаните програмски активности ДНЕТ ќе соработува со сите легитимни политички партии и здруженија, државните органи и другите институции во Републикава,
Соработка со организациите и институциите на Турците во Републикава и надвор од неа, со клубовите и организациите на иселениците или привремено вработените во странство и со државните органи, институциите, поединците и поединци од Република Турција,
Особено блиска соработка со организациите на Турците од Балканските земји во рамките на правната држава и меѓународното право,
Зачленување во меѓународни организации и соработка со сродни странски политички партии согласно на законот;
Настојување да се бори против сите видови на шовинистички појави, за афирмација
на сожителството, културната толеранција и граѓанската соработка и
заедничкиот интерес на Турците, Македонскиот народ, и другите етнички заедници
во суверена и единствена Република Македонија,
IV. ПЕЧАТ, АМБЛЕМ И ЗНАМЕ НА ПАРТИЈАТА
Член 6
ДНЕТ има тркалезен печат и штембил. Печатот е со тркалезна форма и во него е испишано името Политичка партија Движење за национално единство на Турците. Во средината на печатот ќе биде втиснат и амблемот на партијата под пишаниот текст.
Штембилот има правоаголна форма.
На него е испишано името; Политичка партија Движење за национално единство на Турците, а на левата страна од штембилот е втиснат амблемот на партијата
Амблемот има црвена подлога во чиј центар се наоѓа бела полумесечина. Внатре во полумесечината се три помали полумесечини. Во продолженито на краците на полумесецот се наоѓа ѕвезда петокрака.
Симболите внесени во амблемот ќе бидат вградени и во знамето на партијата.
Описот на знамето и амблемот е даден во нацрт 1 кој е составен дел на овој Статут..
Партијата има и своја химна која ќе се одредува по пат на конкурс.
ДНЕТ има партиска легитимација. Таа содржи податоци за идентификација на членот, фотографија и служи како доказ за неговата припадност кон ДНЕТ.
Член 7
ДНЕТ делува на подрачјето на Република Македонија преку своите организациони облици, органи и работни тела, пратеници, министри, заменици министри избрани од листата на ДНЕТ, преку активноста на своите членови, преку соработка со други организации како и преку други форми и начини на делување врз јавното мислење.
ДНЕТ може да воспостави разни видови на соработка вклучувајќи ја и коалицијата со други политички партии и здруженија во Република Македонија и да остварува меѓународна соработка која не е во спротивност со Уставот и Законот.
За остварување на овој вид соработка Одлука носат овластените органи на ДНЕТ во статутарна постапка.
V. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА ДНЕТ
Член 8
Дејноста на ДНЕТ е јавна.
Јавноста во работата се обезбедува преку:
Учество во работата на државни органи и институции,
Јавни собири,
Средствата за јавно информирање (конференции за печат, соопштенија, директни настапи и сл.),
Издавање на свој весник „Милли Бирлик“ ,
Достапност на извештаи и други документи од работата на органите до сите членови и други заинтересирани лица,
Учество во предизборни кампањи,
Други форми на информирање за работата и пропагирање на ставовите,
Медиумско претставување
При разгледувањето на одредени внатрешни партиски прашања органите на ДНЕТ можат да донесат одлука за исклучување на јавноста.
Член 9
Во комуникацијата со судот и со државните органи, ДНЕТ користи македонски јазик и кирилско писмо.
Во работата на ДНЕТ на работните тела, собири, конференции за печат се употребува турскиот јазик а по потреба и македонскиот јазик.
Член 10
Претседателот на политичката партија ја претстатува и застапува ДНЕТ во остварување на нејзините програмски определби.
Централниот Управен Одбор на ДНЕТ може да донесе одлука во одредени поводи партијата да ја прететавува покрај претседателот и друг член на Централниот Управен Одбор
VI. ЧЛЕНСТВО ВО ПАРТИЈАТА
Член 11
Член на ДНЕТ може да стане секој полнолетен граѓанин- државјанин на Република Македонија кој ќе потпише пристапна изјава која е заверена кај нотар.
Со потпишувањето на пристапната изјава членот ги прифаќа Програмата и Статуот на ДНЕТ.
Потпишаната пристапна изјава ја доставува до подружницата која на првиот состанок го верифицира пристапувањето. Доколку потпишаната пристапна изјава е доставено до повисоките органи на партијата тие ја препраќаат до подружницата на населеното место каде живее граѓанинот кое на својот прв состанок го верификува приемот на членство.
Доколку подружницата не го верификува приемот во членство подносителот на пристапната изјава има право на жалба до Централниот Управен Одбор во рок од 15 дена по приемот на известувањето.
Одлуката на Централниот Управен Одбор во оваа жалбена постапка е конечна.
Ако членството во ДНЕТ е прекинато од било кои причини за повторното зачленување одлучува Централниот Управен Одбор на соодветната организациона единица.
Граѓаните кои не се полнолетни можат да учествуваат во културните и младинските активности на партијата.
Член 12
Во ДНЕТ не можат да бидат член граѓаните:
Кои не се државјани на Република Македонија;
Кои членуваат во друга политичка партија;
На кои им е одземена деловната способност со судска одлука;
Кои се осудувани за тешки кривични дела.
Член 13
Секој член на ДНЕТ се евидентира во партискиот регистар. Поблиски одредби за содржината и начинот на евидентирањето се утврдува со посебен правилник.
Член 14
Членот на ДНЕТ ги има следните права и обврски:
Да учествува во градењето и остварувањето на политиката на партијата;
Самостојно да преземе иницијативи кои не се спротивни на овој Статут и на основните политички и програмски ставови на партијата;
Да избира и да биде биран во сите органи на партијата;
Да биде кандидат на партиските листи за локалните и парламентарните избори;
Да биде редовно информиран за активноста на партијата и критички да се осврнува врз нив;
Да има солидарна и правна помош од партијата особено во случај на повреда на неговите права и покренување на судска постапка поради членување во неа;
Да биде член само на една подружница на партијата;
Својата активност да ја извршува во согласност со Статутот и Програмата;
Членувањето во ДНЕТ не го обврзува членот на дејност што би било спротивно со неговиот поглед на светот и неговите верски убедувања;
Да биде номиниран, делегиран и биран за државни и други функции;
Да превземе активности за афирмација и зголемување на угледот на партијата;
Да се изјасни и поинаку од мнозинството и да се бори низ организационите форми на ДНЕТ за својот став, почитувајќи ги секогаш слободата на мислење и демократските принципи на одлучување;
Да ги почитува партиските одлуки, да ги прифаќа дадените задачи и да ја почитува партиската хијерархија;
Активно да учествува на изборите и да гласа за кандидатите на ДНЕТ;
Да се воздржува од недолично однесување;
Меѓусебно почитување меѓу членството и почитување на Статутот и Програмата на ДНЕТ.
Член 15
Членовите кои имаат редовни примања плаќаат членарина.
Членовите кои по предлог или како директна активност на ДНЕТ се избрани за носители на државни или други јавни функции и по тој основ имаат примања, должни се да плаќаат посебна членарина.
Централниот Управен Одбор со одлука го определува начинот на уредување на исплатата за овој вид членарина.
Член 16
Членувањето во ДНЕТ престанува поради:
Смрт;
Изјава за истапување;
Оставка (од денот на поднесувањето на писмената изјава за истапување или со констатирање на престанок на неговот членство);
Исклучување од партијата;
Отповикување;
Со истовремено членување и во други политички партии;
Кандидирање на локални и парламентарни избори од листа на друга политичка партија.
Член 17
Членот на политичката партија може да биде исклучен од партијата:
Доколку со своето политичко однесување работи спротивно на Статутот и Програмата на партијата;
Доколку како пратеник на Собранието на Република Македонија, советник од редовите на ДНЕТ или избран функционер во извршната власт работи спротивно на Статутот и Програмата на партијата;
Доколку со своето недолично однесување го урива угледот на партијата.
Член 18
Одлука за исклучување од политичката партија донесува Управен Одбор на соодветната организациона единица.
Одлуката задолжително му се доставува на членот во писмен облик во рок од 15 дена од донесувањето. Исклучениот член има право на жалба до Централниот Управен Одбор на ДНЕТ во рок од 15 дена од приемот на известувањето.
Членот на политичката партија кој е исклучен од членството во Централното Собрание или Централниот Управен Одбор а е пратеник во Собранието на Република Македонија или функционер во извршната власт има право на жалба до Надзорниот Одбор на ДНЕТ во рок од 15 дена од приемот на известувањето.
Одлуката на Надзорниот Одбор на ДНЕТ е конечна.
VII. ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ОРГАНИ НА ДНЕТ
Член 19
Основен принцип на организирање на ДНЕТ е територијалниот принцип.
Член 20
Членството на ДНЕТ е организирана во следните облици на дејствување:
Подружница,
Општинска организација,
Републичка (централна) организација на ДНЕТ.
Другите организациони облици се:
Актив на жените на ДНЕТ,
Младинска организација,
Надворешното претставништво како друг организационен облик се основа за вонгранично делување кои го сочинуваат задгранични претставништва.
Овие видови на задгранични претставништва ќе се организираат со посебна одлука на Централниот Управен Одбор.
А) Подружница на партијата
Член 21
Подружницата е основниот организационен облик на поврзување на сите членови од определена месна заедница, населба или населено место.
Одлука за основање на подружница донесува Централниот Управниот Одбор на иницијатива на најмалку 5 членови на партијата што е истовремено минимален број на членови за основање на подружница.
Подрачјето на дејствување на подружницата се определува со Одлуката за нејзино основање.
Централниот Управен Одбор може да донесе Одлука општинската организација да биде основен организационен облик на поврзување на сите членови од општината без подружница.
Член 22
Членовите на подружницата одржуваат изборен состанок на кои избираат:
Претседател;
Управен одбор од 5 до 9 члена ;
Благајник.
Во подружниците со помалку членови се избира само претседател и благајник.
Во зависност од бројот на членовите, подружниците самите носат Одлука затоа дали ќе имаат собрание или не.
Мандатот на избраните лица трае четири години и не е ограничен.
Член 23
Подружницата работи преку свикување на состаноци.
Подружницата може да расправа и одлучува ако на нејзините состаноци присуствуваат повеќе од половина од запишаните членови на организацијата.
Одлуките, ставовите и предлозите на состаноците на подружниците се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните.
Подружницата подготвува записник од одржаните состаноци.
Член 24
Претседателот и управниот одбор на подружницата се должни во соработка со општинската организација да обезбедат услови за остварување на правата и обврските на членовите што произлегуваат од овој статут и програмата.
Седниците на Управниот Одбор и Собранието на подружницата ги свикува и со нив раководи претседателот на подружницата.
Претседателот на подружницата по потреба може да овласти член на Управниот Одбор да свикува и раководи со седницата на Управниот Одбор.
Претседателот на подружницата е должен за донесените одлуки, ставови и предлози да ги информира повисоките органи на ДНЕТ.
Б) Општинска организација на ДНЕТ и нејзини органи
Член 25
Општинската организација на ДНЕТ е облик на поврзување на подружниците односно на членовите во рамките на подрачјето на општината.
Одлука за основање и престанок на дејствување на општинската организација ја донесува Централниот Управен Одбор на ДНЕТ по добиеното мислење од подружницата односно општинската организација.
Член 26
Секоја општинска организација има свој печат, штембил и жиро сметка.
Член 27
Органи на општинската организација се: Собрание, Претседател, Управен Одбор и Надзорен Одбор.
Член 28
Собранието е највисок орган на општинската организација кој се состои од 21 до 31 член и ја сочинуваат :
Претседателот на општинската организација;
Две потпретседатели на општинската организација;
Членови на управниот одбор ;
По еден делегат на одреден број на членови на подружниците утврден со одлука за свикување на собранието;
Советниците на ДНЕТ во советот на општините.
Член 29
Собранието на општинската организација се свикува најмалку еднаш годишно со одлука на Претседателот или Управниот Одбор на општинската организација.
Собранието на општинската организација задолжително се свикува пред локалните и парламентарните избори со цел да се предложат кандидати за органите на локалната единица и кандидати за републичкото собрание како и по изборите заради анализа на изборните резултати и изјаснување за доверба во раководството на општинската организација со оглед на изборните резултати.
Претседателот и Управниот Одбор го свикува Собранието и по барање на надлежниот орган, претседателот на општинската организација на ДНЕТ или најмалку 1/3 од подружниците.
Мандатот на членовите на собранието кои се избрани на избирачкото собрание трае 4 години.
Мандатот на членовите со кои се прават измени и дополнувања во составот на Собранието се утврдува со посебна одлука во рамките на четири годишниот мандат.
Член 30
Собранието на општинската организација :
Учествува во градењето и остварувањето на Статутот и Програмата на партијата;
Избира претседател на општинската организација ;
Избира членови на управниот одбор и двајца потпретседатели,
Предлага делегати за Централното Собрание според одлуката за составот на тоа Собрание;
Предлага кандидати за органите на ДНЕТ ;
Утврдува кандидати за органите на единиците за локалната самоуправа и кандидати за пратеници во Собранието на РМ;
Избира членови на Надзорниот Одбор надвор од Собранието;
Расправа за извештајите на органите на ДНЕТ;
Донесува деловник за својата работа;
По потреба разгледува и други прашања со работата на партијата;
Член 31
Претседателот на општинската организација :
ја претставува и застапува општинската организација ;
раководи со општинската организација меѓу седниците на Управниот Одбор;
ги свикува со седниците на Управниот Одбор и Собранието на општинската организација;
за донесените одлуки, ставови и заклучоци ги информира повисоките органи на партијата;
извршува и други работи што му се ставени во надлежност во деловникот за работа и со посебни одлуки и акти на Управниот Одбор на општинската организација и на другите органи на партијата.
Член 32
Управниот одбор го сочинуваат 13 членови
Управниот Одбор на општинската организација на ДНЕТ го сочинуваат :
Претседателот на општинската организација;
потпретседателите (два) на општинската организација ;
десет члена на Управниот Одбор што го избира Собранието.
Собранието на општинската организација може да донесе одлука да 1/3 од предложените членови за управниот одбор да не се од редовите на Собранието од општинската организација.
Управниот Одбор на општинската организација од својот состав избира секретар.
Мандатот на членовите на Управниот Одбор на општинската организација, на потпретседателите трае 4 години со право на повторен избор.
На седниците на Управниот Одбор на општинската организација можат да се поканат локалните функционери од редовите на ДНЕТ како и членовите на Централниот Управен Одбор, пратениците од соодветната општинска организација, претседател на Надзорниот Одбор на општинска организација но без право на одлучување.
Член 33
Управниот Одбор на општинската организација:
раководи со општинската организација меѓу две Собранија;
се грижи за извршување на одлуките на Собранието и на повисоките органи на партијата;
дава политички оценки и потврдува политички ставови;
донесува одлуки за основање на основни облици на организирање на општинско ниво;
расправа и решава за други прашања што се во негова надлежност и што произлегуваат од програмските и статутарните одредби на ДНЕТ;
Донесува Деловник за својата работа.
Член 34
Седниците на Управниот Одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на општинската организација .
Во отсуство на Претседателот седниците на Управниот Одбор ги свикува и со нив раководи потпретседалот, секретарот или друг член на Управниот Одбор на начин утврден со деловникот за работа.
Член 35
Правата и обврските на Претседателот на општинската организација, потпретседателите и членовите на Управниот Одбор се утврдуваат со Деловник.
Член 36
Надзорниот одбор на општинската организација се состои од три члена.
Надзорниот одбор од својот состав избира претседател на одборот.
Надзорниот одбор ја оценува статутарноста на актите и одлуките, ја контролира финансиската и деловната активност на општинскита организација (центар) и поднесува на собранието извештај за својата работа.
Надзорниот одбор извршува и други работи предвидени со статут и одлуките на собранието.
Седниците на Надзорниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот.
Надзорниот одбор работи на седници кои се одржуваат по потреба а најмалку еднаш во шест месеци.
В) Републичка организација на ДНЕТ и нејзините органи
Член 37
Органи на републичка организација на ДНЕТ се:
Конгрес;
Централно Собрание;
Централен Управен Одбор;
Надзорен Одбор и
Претседател.
VIII. КОНГРЕС
Член 38
Конгресот на ДНЕТ го сочинуваат:
Членови на конгресот по функција;
Делегирани членови на конгресот;
Член 39
Членовите на Конгресот по функција се :
Претседателот на ДНЕТ;
Членовите на Централното Собрание, Централниот Управен Одбор и Надзорниот Одбор;
Пратениците и министрите или заменици министри избрани од листата на ДНЕТ;
Претседателите на општинските организации;
Претседалот на активот на жените;
Претседателот на младинската организација.
Член 40
Делегирани членови на Конгресот го сочинуваат:
По еден делегат на одреден број на членови на општински организации или подружниците на ДНЕТ утврден со одлука за свикување на Конгресот;
По еден делегат за одреден број гласови за одржаните локални и парламентарни избори.
Член 41
Конгресот на ДНЕТ е највисок орган на партијата.
Конгресот се конституира од слободно и демократско избрани делегати чии конечен број го утврдува Централното Собрание со посебна одлука.
При утврдувањето на бројот на делегатите од претходниот став како основа се зема бројот на членовите од одреденaтa општинскaта организација или подружниците и нивното успешно работење за време на локалните и парламентарните избори.
Делегати на Конгресот бираат собранијата на општинските организации или собранијата на подружниците на ДНЕТ.
Конгресот се свикува секои четири години на изборна седница а по потреба може да се свика и вонреден конгрес согласно на Статутот.
Со работата на Конгресот раководи работно претседателство.
Член 42
Конгресот се свикува по одлука на Централното Собрание на ДНЕТ.
Предлог за свикување на конгресот дава претседателот, Централниот Управен Одбор или најмалку 1/3 од подружниците со одлука на нивните собранија.
Одлуката за свикување на Конгресот се објавува во партискиот гласник „Милли Бирлик„ , средствата за јавно информирање печатени на турски јазик, и другите печатени и електронските медиуми во Република Македонија, најмалку 30 дена пред одржувањето на Конгресот.
Мандатот на делегатите за изборната седница на Конгресот трае 4 години.
Член 43
Одлука за свикување вонреден Конгрес донесува Централното Собрание.
Вонреден Конгрес на ДНЕТ задолжително се свикува доколку претседателот на ДНЕТ е спречен да ја обавува својата функција подолго од 6 месеци или доколку поднел оставка на функцијата.
Вонредниот Конгрес одлучува по сите прашања освен по прашањето за избор на органи на партијата.
Член 44
Конгресот на ДНЕТ:
Ја донесува и менува Програмата на ДНЕТ,
Донесува Статутот на ДНЕТ, и статутарна одлука за измени и дополнувања на истиот,
Избира Претседател,
Избира членови на Централното Собрание и резервна листа на членови за Централно Собрание,
Избира членови на Надзорниот одбор,
Утврдува насоки на остварувањата на целокупната активност, врши и други работи што се од значење за поширокото членство на ДНЕТ,
Утврдува Деловник за работа на Конгресот.
Одлуките донесени на Конгресот се објавуваат во партискиот гласник „Милли Бирлик„ , средствата за јавно информирање печатени на турски јазик, и другите печатени и електронските медиуми во Република Македонија.
Член 45
Конгресот работи ако на Седницата присуствуваат 2/3 (две третини) од избраните делегати.
Одлуките на Конгресот се донесуваат ако за нив гласаат повеќе од половината присутни делегати.
Поблиски одредби за работата, изборот на работните тела и органите на Конгресот се утврдуваат со деловник за работа на Конгресот.
Деловникот за работа на Конгресот се усвојува на денот на одржувањето на Конгресот пред разгледување на другите точки од дневниот ред.
IX. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Член 46
Председателот на партијата :
ја претставува и застапува партијата;
раководи со ДНЕТ меѓу седниците на нејзините органи;
ги свикува и раководи со седниците на Централното Собрание и Централниот Управен Одбор;
се грижи за извршување и реализација на Програмата и Статутот на ДНЕТ;
се грижи за развој на ДНЕТ и во таа функција предлага мерки;
обавува и други работи што му се ставаат во надлежност со општите акти што ги донесуваат органите на ДНЕТ.
Мандатот на Председателот на ДНЕТ трае 4 години со право на повторен избор.
Х. ЦЕНТРАЛНО СОБРАНИЕ
Член 47
Централното Собрание на ДНЕТ претставува највисок орган на раководење на партијата меѓу два Конгреса.
Централното собрание на ДНЕТ се состои од 39 до 55 члена кои се избираат од страна на делегатите на Конгресот водејќи сметка за територијалната застапеност на членовите.
Собранието се свикува најмалку еднаш годишно а секогаш пред и после локалните, парламентарните и претседателските избори заради анализа на изборните резултати и утврдување на натамошните активности на ДНЕТ.
Централното Собрание на ДНЕТ:
Раководи со партијата меѓу два конгреса и се грижи за изршување на неговите одлуки;
Избира Централен Управен Одбор од 11 члена а на предлог на претседателот најмногу 1/3 се бираат од редот на членовите кои не се во Ценралното Собрание на ДНЕТ;
Од својот состав избира двајца потпретседатели;
На предлог на општинските организации(центри) утврдува кандидати за пратеници во Собранието на РМ како и кандидати за органите на локалната самоуправа;
Дава политички оценки за прашања од посебен интерес и актуелни општествени настани
Утврдува политички ставовови на партијата;
Решава по жалби на одлуките на Управниот Одбор на Собранијата на подружницитие или општинските организации;
Се грижи за реализација на Програмата и Статутот на ДНЕТ;
Ја води финансиската политика на ДНЕТ и располага со нејзиниот имот;
Ги разгледува и усвојува годишните финансиски планови и извештаји;
По потреба оснива работни тела за разгледување на прашањето од својата надлежност(одбори, комисии и др.);
По потреба разгледува и други прашања што се однесуваат за работата на ДНЕТ;
Донесува деловник за својата работа;
Мандатот на членовите на Централното Собрание што ги бира Конгресот трае 4 години со право на повторен избор.
Член 48
Централното Собрание на ДНЕТ го сочинуваат:
Претседателот;
Пратениците на ДНЕТ во Собранието на РМ;
Министрите или заменик министри избрани од листата на ДНЕТ;
Градоначалниците избрани од листата на ДНЕТ;
Претседателот на Младинската организација на ДНЕТ;
Претседателот на женската организација на ДНЕТ;
39 члена на Централното Собрание што ги избира конгресот на ДНЕТ и;
Членови на Централниот Управниот Одбор кои се избрани надвор од членовите на Централното Собрание.
Член 49
Седницата на Централното Собрание ја свикува и со неа раководи претседателот на партијата.
Деловникот за работа на Централното Собрание се уредува, кој ги свикува седниците на Централното Собрание во отсуство на претседателот на партијата.
Централното Собрание се свикува на предлог на претседателот на партијата или со одлука н Централниот Управен Одбор на ДНЕТ.
Испразнетите места на членовите на Централното Собрание се пополнуваат од резервната листа на кандидати на соодветната организациона единица усвоена на конгресот.
XI. ЦЕНТРАЛЕН УПРАВЕН ОДБОР
Член 50
Централниот Управен Одбор на ДНЕТ е политички извршен орган кој :
Учествува во градењето и изразувањето на политичка волја на ДНЕТ;
Се грижи за остварување на програмата и статутот;
Ги реализира заклучоците и ставовите на Централното Собрание;
Ги обработува прашањата од подрачјето на внатрешните организациони и кадраовски прашања;
Го организира тековното финансиско и материјално работење и донесува одлуки и други акти во врска со него;
Донесува акт за висината и начинот на плаќање на членарината;
Решава по барање на општинските центри и подружници;
По потреба основа работни тела за решавање на прашањата и за разгледување на проблематиката од своја надлежност (одбори, комисии и сл.);
Донесува акти и ги решава сите прашања од областа на работните односи во ДНЕТ;
Ги разгледува иницијативите, предлозите, мислењата и молбите што се упатени до него а имаат карактер на организационите прашања;
Именува благајник на партијата;
Бира секретар од своите редови;
Му предлага на Централното Собрание кандидати за парламентарните, претседателските и локалните избори;
Обезбедува повратна информација на Централното Собрание и на општинските центри на ДНЕТ за работењето на Централниот Управен Одбор меѓу две седници на Собранието;
Седниците на Централниот Управен Одбор ги свикува и со нив раководи претседателот на ДНЕТ ;
Со Деловник за работа се одредува кој може во отсуство на претседателот да свикува и раководи со седниците на Централниот Управен Одбор;
Донесува Деловник за својата работа;
Централниот Управен Одбор најмалку еднаш годишно подготвува и му поднесува писмен извештај на Надзорниот Одбор за работата на партијата.
Централниот Управен Одбор по истекот на деловната година подготвува нацрт на годишна сметка, која пред доставување до УЈП ја доставува до Надзорниот Одбор.
Член 51
Централниот Управен Одбор на ДНЕТ го сочинуваат:
Претседателот;
Двајцата потпретседатели;
Секретарот;
Пратениците на ДНЕТ;
Претседателот на Младинската Организација;
Претседателот на активот на жените;
11 члена на Централниот Управен Одбор што го бира Централното Собрание;
Мандатот на членовите на Централниот Управен Одбор што го бира Централното Собрание на ДНЕТ трае 4 години со право на повторен избор.
Член 52
Централниот Управен Одбор може да донесува одлуки и од надлежност на Централното Собрание кога тоа налага посебната ситуација.
Централниот Управен Одбор за одлуките донесени во постапка опишана во став 1 на член 52 ги запознава членовите на Централното Собрание, а на првата наредна Седница на Централното Собрание ги поднесува на одобрување.
Овие одлуки имаат правна важност од денот на нивното донесување.
XII. ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ
Член 53
Централното Собрание избира двајца потпретседатели.
По овластување на претседателот извршуваат задачи од неговата надлежност.
Делокруг на активностите на потпретседателите го определува Централниот Управен Одбор со Статутарна Одлука.
Мандатот на потпретседателите изнесува 4 години со право на повторен избор.
XIII. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СЕКРЕТАРОТ
Член 54
Секретарот е одговорен за организација и координација на формите на работа на ДНЕТ.
Секретарот се грижи за остварување на Статутот, спроведување на деловниците за работа и на други прашања поврзани со подготовка на седници и други организациони и правни работи.
Централниот Управен Одбор го избира Секретарот.
Неговиот мандат трае 4 години.
XIV. НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 55
Надзорниот Одбор на ДНЕТ се состои од 5 члена.
Надзорниот Одбор од својот состав избира претседател на одборот.
Надзорниот Одбор го надзира работењето на ДНЕТ и неговите органи.
Во вршењето на контролата на работењето Надзорниот Одбор може да ја прегледува и оценува правната документација, одлуките од аспект на нивната усогласеност со Уставот, позитивните прописи и Статутот.
Вршењето на контролата на работењето во финансиско материјалната област подразбира контрола, прегледување и оценување на сметководството, трговските книги на партијата како и документите на имотот, благајната и други финансиски облици на работење.
Надзорниот Одбор е орган до кој се поднесуваат жалби во постапките на отповикување и распуштање предвидени во Статутот на партијата.
Вршењето на овие работи Надзорниот Одбор може да го довери на свој одреден член, а по потреба може да предложи ангажирање на друго стручно лице.
Надзорниот Одбор ги прегледува годишните сметки и годишниот извештај за управување со партијата.
Надзорниот Одбор подготвува годишен извештај во кој се назначува на каков начин и во кој обем го прегледал водењето на работите.
На Надзорниот Одбор му се достапни сите релеванти документи и податоци а затоа е одговорен претседателот на ДНЕТ.
Надзорниот Одбор го избира Конгресот на ДНЕТ.
Мандатот на претседателот и членовите на одборот трае 4 години со право на повторен избор.
Во случај на неможност на вршење на функцијата во овој одбор, Одборот се дополнува од резервната листа кои има два члена.
НАЧИН НА ОДЛУЧУВАЊЕ
Член 56
Сите органи на ДНЕТ, освен Конгресот можат да одлучуваат ако на Седницата присуствуваат повеќе од половината на членовите што го сочинуваат соодветниот орган, според статутарно утврдениот број.
Одлуките на Собранието, Централниот Управен Одбор и сите други органи на ДНЕТ се донесуваат со мнозинството од гласовите на присутните.
Централното Собрание и органите можат да одлучуваат само за прашања што се уредно ставени во дневен ред согласно со постапката утврдена на дневниот ред во Деловникот.
Правото на учество го опфаќа и правото на учество во расправата по точките од дневниот ред.
Доколку за истата точка на дневниот ред постојат повеќе предлози, за усвоен се смета оној предлог за кого гласале мнозинството од присутните.
Со одлука на Централното Собрание може да се предвиди и посебна постапка за усвојување на одлуките од одделните органи и тела на ДНЕТ.
XVI. ПОСТАПКА ЗА ИЗБОРИ
Член 57
Постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носители на функциите во органите, се утврдуваат со одлука на Централното Собрание на ДНЕТ.
При одлучување за кадровски прашања, за кандидациони листи, за избор на органи, раководители и други функционери, задолжително е тајно гласање.
Предложените листи на кандидати можат да содржат поголем број на кандидати од бројот што се избира.
Избрани се оние кандидати кои добиле најголем број гласови но притоа мораат да имаат повеќе од половината гласови од вкупниот број на членови на избирачкото тело.
Во сите органи на ДНЕТ треба да има најмалку 20% членови помлади од 30 години.
Во сите органи на ДНЕТ пожелно е да има најмалку 20% членови од жени.
Не може да биде предложен за функција од повисок ранг кандидат кој не добил поддршка од општинската организација или подружницата.
XVII. ПРАТЕНИЦИ НА ДНЕТ
Член 58
Кандидати на ДНЕТ што се избрани во Собранието на РМ, автоматски стануваат членови на Централното Собрание и Централниот Управен Одбор на ДНЕТ. Тие се координатори на работата на ДНЕТ и Собранието на РМ.
Градоначалниците избрани од листите на ДНЕТ на локалните избори автоматски стануваат членови на Централното Собрание.
XVIII. МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДНЕТ
Член 59
Младинската организација на ДНЕТ е организација на младите која дејствува во рамките на ДНЕТ и која задолжително ги прифаќа и остварува прорамските документи на ДНЕТ.
Одлука за основање и распуштање на младинската организација донесува Централното Собрание на ДНЕТ.
Во младинската организација освен членови можат да членуваат и симпатизери на ДНЕТ.
Член 60
Претседателот на младинската организација е истовремено член на Централното Собрание и Централниот Управен Одбор.
Членовите на младинската организација со посебен статут избираат сопствени органи на сите организациони нивоа и делегираат свои претставници во органите на ДНЕТ.
На конгресот делегираат 20 % од вкупниот број на делегатите.
Односите со ДНЕТ се регулираат со Статутот на младинската организација.
XIX. АКТИВ НА ЖЕНИТЕ ПРИ ДНЕТ
Член 61
Активот на жените е организација на жените во склоп на ДНЕТ во кој можат да членуваат членови и симпатизери кои ги прифаќаат и остваруваат програмските цели и задачи на ДНЕТ.
Одлука за основање и распуштање на активот на жените донесува Централното Собрание на ДНЕТ.
Член 62
Претседателот на активот на жените на ДНЕТ е истовремено член на Централното Собрание и Централниот Управен Одбор.
Член 63
Членовите на активот на жените избираат свои органи на сите организациони нивоа и делегираат свои претставници во органите на ДНЕТ.
Организационата поставеност и односите со ДНЕТ се регулираат со посебен правилник на активот на жените.
XX. ИМОТ И ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ДНЕТ
Член 64
ДНЕТ има право на сопственост на деловен простор, опрема, канцелариски материјал, превозни средства и друг движен имот потребен за остварување на целите и вршење на активностите утврдени со статутот на партијата и со законот.
Член 65
ДНЕТ се финансира од јавни и приватни извори на финансирање.
А) Јавни извори на финансирање на ДНЕТ
Член 66
Јавните извори за финансирање на ДНЕТ се финансиските средства предвидени со Буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје.
Б) приватни извори на финансирање на ДНЕТ
Член 67
Приватни извори на финансирање се:
Членарина;
Донации, подароци, прилози, дотации, спонзорства;
Легати;
Продажба на промотивен и пропаганден материјал и;
Сопствени приходи согласно со Закон.
Централниот Управен Одбор донесува посебен правилник за материјално-финансиското работење на ДНЕТ.
Член 68
ДНЕТ може да остварува приходи и од:
Камата на депозит депониран во банка;
Закупнина, односно издавање под закуп на просториите на партијата;
Приходи од продажба на печатени, аудиовизуелни и дигитални изданија и пропагандни материјали и други публикации на кои е ставено името и ознаката на ДНЕТ како и приходи од авторски права;
Приходи од продажба на билети за присуство на манифестации организирани за партиски цели.
Овие приходи ДНЕТ ќе ги користи исклучиво за вршење на активностите согласно со законот и актите на партијата.
Член 69
ДНЕТ не смее да се финансира од:
ДНЕТ не може да врши стопанска дејност,
Влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица;
Државни и локални органи надвор од средстата предвидени со буџетот на РМ и буџетите на единиците на локалната самоуправа, освен средствата предвидени со закон и законите за избори;
Јавни установи, јавни претпријатија, јавни фондови или други правни лица кои располагаат со државен капитат;
Јавни претпријатија, јавни установи и јавни фондови формирани од општините;
Здружение на граѓани(невладини организации), верски заедници или религиозни групи;
Средства на претпријатија со мешовит капитал каде што доминантен сопственик е странски вложувач;
Претпријатија кои имаат најмалку 20 % учество на државен капитал, јавни установи и институции вклучувајќи ги и тие што го започнале процесот за приватизација и;
Анонимни или неидентификувани извори.
XXI. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
а) Престанок на функцијата во органите на ДНЕТ
Член 70
Функцијата во органите на партијата престанува заради отповикување или поднесување оставка.
Одлука за отповикување на член на органот или носител на функција, донесува органот на соодветно ниво на организирање, на начин на кој е избран членот на таа функција.
Во случај на отповикување функцијата престанува во моментот на објавување на резултатите на гласањето на отповикување, а во случај на оставка со нејзино поднесување и прифаќање од надлежниот орган.
Место отповиканиот член на органот на соодветното организационо ниво или членот чија оставка е усвоена, неговото место се пополнува со нов член од организационата единица од каде потекнува членот односно чија оставка е усвоена.
Место отповиканиот член на Цтнтралното Собрание на ДНЕТ или член чија оставка е усвоена неговото место се пополнува со член од резервната листа на претходно утврден редослед усвоен на конгресот на ДНЕТ.
Одлуките за отповикување на функционер се објавува во партискиот гласник „Милли Бирлик„ а по потреба и во средствата за јавно информирање.
XXII. ПОСТАПКА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ
Член 71
Предлог за отповикување можат да поднесат:
Собранието на подружницата;
Собранието на општинската организација;
Управниот и надзорниот одбор на соодветното организационо ниво и;
Централното Собрание на ДНЕТ.
Предлог за отповикување на член на републичките органи на ДНЕТ можат да поднесат и претседателот на ДНЕТ или најмалку 5 општински центри.
Членот на Централниот Управен Одбор на ДНЕТ се отповикува на начин на кој е избран на таа функција, а предлогот можат да го поднесат претседателот на ДНЕТ, Централниот Управен Одбор, Надзорниот Одбор или најмалку 5 членови на Централното Собрание на ДНЕТ.
Претседателот на ДНЕТ се отповикува на начин на кој е избран на таа функција а предлогот може да го поднесе Централниот Управен Одбор, Надзорниот Одбор или 10 членови на Централното Собрание на ДНЕТ.
Предлогот за отповик на член на орган или носител на функција на соодветното организационо ниво се доставува до органот на писмена форма со образложение за причините на отповикот.
Органот е должен да одлучува за отповикот на член на органот или носител на функција најкасно во рок од 1 месец од денот на доставувањето на предлогот а за отповик на претседателот најкасно во рок 4 месеци од денот на доставувањето на предлогот.
Членот на органот или носителот на функција кој што со одлука е отповикан од должноста има право на жалба до Надзорниот Одбор на ДНЕТ во рок од 15 дена од денот на известувањето.
Одлуката на Надзорниот Орган по ова прашање е конечна.
Оставката за престанок на функцијата се поднесува до соодветен орган.
Подносителот на оставката има право и должност писмено или усмено да ја образложи оставката. Органот е должен да ја констатира оставката на функција најкасно до 60 дена од денот на објавувањето на оставката.
Оставката на функцијата претседател на ДНЕТ ја констатира вонредниот конгрес најкасно 3 месеци од денот на објавувањето на оставката.
Б) Распуштање на организационен облик на ДНЕТ
Член 72
Централното Собрание на ДНЕТ може да донесе одлука за распуштање на организационен облик на ДНЕТ заради целосно престанување на неговата работа или намалување на обемот на дејноста со што не се остваруваат програмските, статутарните и политичките цели на партијата.
Против одлуката за распуштање на организационен облик на ДНЕТ може да се поднесе жалба до Надзорниот Одбор во рок од 15 дена.
Одлуката на Надзорниот Одбор е конечна.
В) Стручна служба на ДНЕТ
Член 73
Заради извршување стручни, административни и други работи движењето основа стручна служба.
Централниот Управен Одбор на ДНЕТ ги донесува општите акти со кој се одредува организацијата и работата на службата.
Централниот Управен Одбор донесува одлуки сврзани со правата и обврските од работен однос доколку со овој Статут или со друг општ акт поинаку не е определен.
XXIII.ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА ПАРТИЈАТА
Член 74
ДНЕТ може да престане да дејствува во случај на настанување на услови утврдени со законот а кои се:
Кога политичка партија ќе поднесе барање за бришење од судскиот регистар;
Врз основа на правосилно решение за бришење на политичка партија од судскиот регистар донесено од страна на судот врз основа за законот за политички партии;
Врз онова на забрана на дејствување со правосилно решение во согласност со одредбите на законот;
Намалување на бројот на членовите основачи под законски определен број;
Кога Уставниот Суд на РМ ќе утврди дека програмата или статутот на ДНЕТ не е во согласност со уставот;
Кога со одлука на конгресот за кој е потребно 2/3 мнозинство од вкупниот број на делегати во конгресот а по претходно јавна расправа во ДНЕТ.
Член 75
Претседателот на ДНЕТ е должно во рок од 15 дена за настанувањето на некој од причините за престанок на ДНЕТ да го извести судот заради бришење од судскиот регистер.
Во случај на престанок на работата на ДНЕТ се свикува Конгрес.
Конгресот одлучува кому ќе се отстапи стекнатиот целокупен имот заедно со финансиските средства. (културно-уметничките друштва на Турците, невладините организации на Турците, фондовите за социјална помош и сл.)
XXIV. ИНФОРМИРАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ
Член 76
Одлуките на Органите на ДНЕТ обавезно се објавуваат на партискиот гласник „Милли Бирлик„ .
Партискиот гласник „Милли Бирлик„ е официјално гласило на сите органи на партијата.
Во него се објавуваат сите одлуки и акти на партијата.
Тие стапуваат во сила по објавувањето во „Милли Бирлик„.
XXV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 77
Статутот на партијата „ ДВИЖЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ „ може да се менува и дополнува со статутарна одлука која ја носи Конгресот на партијата.
Во случај на изменување и дополнување на