Од синоќа одржаната седница на ЦИО,во седиштето на партијата во Гостивар до јавноста во Македонија го издаваме следното соопштение:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Почитувани сонародници,почитувани граѓани
Бидејќи суштински нема никакви промени во однос на нашето соопштение од 15 јули 2022 година ,согласно на нашата совест и одговорност кон вас денес објавуваме ново соопштение.
За потсетување да споменеме дека на 20-ти август 2022 год во општина Центар Жупа ќе се одржат избори за градонацалник.Како што се доближува датумот за избори така и расте вознемиреноста кај повереникот на општината и неговите следбеници. Тие со неосновани тврдења и клевети вршат невиден притисок врз жителите на Центар Жупа за присилно учество на изборите.
Повереникот како и вработените во општината и јавните институции немилосрдно лажат без чуство на страм и страв од Аллах џ.ш.. Заканите и неоснованите тврдења дека „Општината ќе ја снема ,ќе се припои на друга општина , ќе нема подршка од буџетот и сите вработени ќе бидат одпуштени од работа„претставуваат ноторна невистина. Овие лаги и тврдења се неосновани бидејќи законот за локална самоуправа и територијална поделба може да се промени исклучиво ако се обезбеди дво третиснко(2/3) мнозинство во парламентот на Македонија. Распоредот на политичките сили во парламентот јасно укажува дека до такво нешто не може да дојде. Ваквото однесување на овој суров и нелојален повереник е доказ дека општината е во погрешни раце, дека овој човек не бира средства за да остане на оваа позиција. Очигледно е дека соработува со сили кои во континуитет се противат на нашите заложби за подобра Центар Жупа. Несомнено дека еден ден ќе мора да полаага сметка за ваквото однесување. Како совест и критична маса на Турците во земјата секогаш сме верувале во слоботната воља на нашите сонародници и граѓани на Центар Жупа и таа верба продолжува, од тука притисакот што се врши врз недолжното население го осудуваме и категорично го одбиваме. По направените длабоки анализи и врз основа на податоците добиени од теренот сметаме дека треба да се ослободиме од овие угнетувачи и нелојални преставници на Центар Жупа како и за иднината и доброто на опшината , да ставиме крај на погрешните политики на ТДП која не најде храброст да даде позитивен одговор на нашата понуда за соработка и братско помирување. Од тука до јавноста ги изнесуваме следните заклучочи:
1.Согласно на моменталната состојба , ѓи повикуваме сите наши членови и симпатизери во Центар Жупа, да ги бојкотираат изборите што ќе се одржат на 20 август 2022 год. Доколку и овии избори бидат неуспешни како претходните, истиот тој повереник нема да може повторно да биде повереник и градоначалник. Со нови парламентарни избори сигурни сме дека ќе дојдеме на власт и соработка и усогласеност со овој повереник не ќе биде можно. Од тука Општината на чело со него и понатаму ќе стагнира. Од горе изнесеното веруваме дека бојкотот на изборите е во прилог на сите граѓани на Центар Жупа и пошироко во регионот.
- Врз основа на официалните податоци со кои располагаме на 16 гласачки кутии сите членови на избирачките одбори на гласачните места се од редот на владеачкото мнозинство. На големо се зборува дека власта и нејзните партнери ќе посегнат по сите не дозволени игри, со цел да обезбедат успешност на изборите. Доколку се забележат активности за изборни измами и крадење на гласови, без да жалиме било кого ќе се обратиме до обвинителството. Без разлика кои од овие официални именувани лица се огрешат кон одредбите на казнениот закон, ќе бараме соодветно дасе казнат за обид за фалцификување на изборите ,
3.Овие избори се вистински театар и се пресликувања на состојбите кои се одраз на општата состојба во државата: Корупција, економска криза, непотизам, поткуп и слични состојби. Затоа без разлика на изборните резултати ние истите не ѓи прифаќаме и ѓи отфрламе бидејќи се анти демократски и одраз на систематски притисок на слободната воља на граѓаните. Нашиод став нема дасе промени се додека владата , државата не го покаже потребното внимание кон регионот.
- Во Калканделен ( Тетово ) на истиот ден ќе се одржат избори членови на советот на општината.Политичка партија на Турците учествува на изборите под наслов „Гласот на Турчин треба да оди кај Турчин„ Бидејки има турски кандидати и на други политички партији кои имаат листи за членови за совет на општината ,ние како ТМБХ ѓи повикуваме нашите симпатизери и членови да гласаат за листат на Турската партија.Свесни сме дека на добрите познавачи на приликите во Калканделен (Тетово) им е непознато ваквиот настан. Недоразбирањата треба да се остават за друга прилика.
16.08.2022 Гостивар Комисја за односи со јавноста ДНЕТ


