Денешните изјави на двајцата врвни функционери во земјата во врска со тв каналите и новинарите во земјата во најблага форма може да се квалификува како “несреќни изјави”. Но кога ќе имаме во предвид дека во заедничката држава ништо не ни оди добро,тогаш јасно е дека се сака да се дефокусира јавноста од реалноста и да се бара “дежурен кривец” за состојбите во земјата. Да се стават новинарите на листите за “дивеч за острел” е најголема закана по демократијата на земја која сака да стане членка ЕУ.
Само да го потсетам јавноста во земјата дека ние Турските политичари немаме никаков пристап на националните телевизији на македонски и албански јазик,но никогаш не сме рекле дека тие се непријателски расположени према нас иако во одредени случаеви имало такви напади на кои аргументирано сме возвратиле.
Сметам дека живееме во исклучиво тешко време и поради тоа не треба да се обременуваат состојбите со изјави кои доливаат “бензин на огнот”.
17Ridvan Mehmet, Selim Latifov ve 15 diğer kişi

